Водич за користење на ИКТ алатки во онлајн настава



Издавач: Здружение за Рамноправен развој Решенија за Развој

Обем: 86 страни, пдф

Опис

Брзиот технолошки развој нуди нови и различни начини на поврзување на учениците и наставниците и главните недостатоци на наставата на далечина (недостиг од интеракција меѓу учесниците, недостиг од адекватна повратна информација, проблеми во следењето на напредокот во учењето) полека се надминуваат. Паралелно со ова, пандемијата на вирусот SARS-CoV-2 создаде нови, глобални предизвици за образованието и наставата. Речиси преку ноќ, училниците беа заменети со софтверски алатки кои треба да овозможат реализација на настава и ефективност во учењето во вонредни услови.

Целта на овој Водич е да обезбеди поддршка на едукаторите вклучени во онлајн настава. Имајќи ја предвид релативно ниската застапеност на онлајн настава во С. Македонија, овој документ претставува воведно помагало за дизајнирање на онлајн настава за наставници кои немаат претходно искуство со овој вид учење. Водичот не е наменет исклучиво за наставници вклучени во формално образование, туку и за едукатори и тренери во неформално образование. Во рамки на Водичот презентирани се насоки за дизајнирање на онлајн настава и дидактички принципи во онлајн наставата.
 
Водичот е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на едукаторите за настава на далечина со ИКТ алатки“, имплементиран од страна на Здружението за рамноправен развој Решенија за развој. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.

Водич за користење на ИКТ алатки во онлајн настава