Вебинар за циркуларна економија – преку редизајн на производите до минимизирање на отпадот и зголемување на профитот
Дати: 26-27 ноември
Време: 10.00 – 16.00 ч
Предавач: Проф. д-р Лидија Наумовска
Цуркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната економија е алтернативна на традиционалната линеарна економија (создади-консумирај-отстрани) во која се користат ресурсите што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и креираат нови производи и материјали. Потпирајќи се на иновацијата низ целиот систем, таа има за цел да ги редефинира производите и услугите преку дизајнирање без отпад, истовремено минимизирајќи ги негативните влијанија.
Преку оваа обука, кандидатите ќе имаат можност да се запознаат со неопходната потреба за промена на активностите кон зголемување на еколошката култура, како и огромните можности кои ги нуди циркуларната економија, за отворање на нови работни места и создавање на голема заштеда на природните ресурси и енергијата во производството.
КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ?
Зголемување на профитот на компаниите
Зголемување на конкурентноста
Стимулирање на иновации и економски раст
Креирање на нови работни места и нови зелени индустрии
Подолготрајни иновативни производи
Подобрен квалитет на живот
Намалување на загадувањето
ПРОГРАМА
26.11.2020
Модул 1: Вовед во поимот циркуларна економија
Модул 2: Од отпад до суровини
Модул 3: Линеарна и циркуларна економија
27.11.2020
Модул 4: Одржлив развој на МСП и регионален развој
Модул 5: Фактори за промена кон циркуларна економија: потрошувачи, граѓани и јавен сектор
Модул 6: Претприемништво и стратегии за развој на нови бизнис модели за циркуларна економија
За повеќе информации кликнете
тука.