Вебинар: Фишинг напади и како да се заштитите

Фишинг напади и како да се заштитите
Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance, организира бесплатен вебинар на тема „Фишинг напади и  како да се заштитите“. Настанот ќе се одржи на 25 декември 2020 година, 10:00 – 11:00 часот, онлајн преку Webex платформа.
Агенда:
Фишинг напади и како да се заштитите. (Сесијата ќе се одвива на англиски јазик)
Предавачи/Expert-speakers: Mr Vladan Babic, Mr. Dusan Vignjevic

Што се фишинг-напади и како се користат.
Како криминалците ги користат овие напади поврзани со пандемијата.
Користење е-пошта, социјални мрежи и пораки за извршување на овие напади.
Различни видови на фишинг ( измама на директор, измама на домен, Smishing, Vishing, и други)
Најдобри практики за заштита од фишинг напади на работа и дома
Phishing attacks and prevention. (Session will be in English)

За повеќе информации кликнете тука.