Вебинар: Анксиозност - психолошка "епидемија" на современата доба

Анксиозност - психолошка "епидемија" на современата доба 
Датум: 11.11.2020
Време: 18 часот

Зошто чувствуваме анксиозност? Дали анксиозноста е растројство или состојба? Поради што настанува и како да се справиме со неа?
Анксиозноста дефинитивно, особено во време на пандемија, е најчест симптом кој влијае на нашето ментално здравје. Одговор на овие, и други прашања поврзани со анксиозноста, може да добиете на нашето бесплатно онлајн предавање, шеста едиција од низата активности спроведени при проектот "Психолошка поддршка за справување со последиците од пандемијата врз менталното здравје кај младите" финансиран од Агенција за млади и спорт, спроведен од Здружение Псинапсис.
Среда, 11.11.2020
18:00
Предавач: Јасмина Јонуз - магистер по советодавна психологија

За повеќе информации кликнете тука.