Вебинар: (Не) можам, под стрес сум!

Вебинар: (Не) можам, под стрес сум!
Датум: 09.12.2020
Време: 19 часот

Стресот е природна реакција на човекот кога се наоѓа во предизвикувачка ситуација која може да е опасна за него или која бара поголем напор за справување со неа.
На ова предавање ќе зборуваме за:
- кои и какви ситуации предизвикуваат стрес;
- што се случува во телото при стресна реакција;
- во кои случаи и за што ваквата реакција е корисна;
- кога и како стресот станува штетен за организмот.
Предавањето ќе го води Александра Панчевска - лиценциран психолог и гешталт терапевт под супервизија.
Овој настан е дел од проектот „Психолошка поддршка за намалување на последиците од кризата врз менталното здравје на младите“ поддржан од Агенција за Млади и Спорт.

За повеќе информации кликнете тука.