ВЕБИНАР: Совети и добри практики од работата на психолозите во основните училишта

Совети и добри практики од работата на психолозите во основните училишта
Датум: 10.11.2020
Време: 14:30 - 16:00

Вебинарот е наменет за училишните психолози од основните училишта.
Пандемијата доведе до тектонски изместувања во образовниот процес. Училиштата се ставени пред бројни предизвици, а еден од нив е и реорганизацијата со цел да обезбедат континуираност на најважниот процеси во животот на една млада индивидуа – образованието и воспитувањето во училишната средина.
Во оваа ситуација, училишните психолози, како лидери во давањето на психолошката и емоционалната поддршка, се повикани и должни да излезат во пресрет на социјално-емоционалните потреби на учениците, родителите и наставниците.
Токму затоа, на овој вебинар предавачите ќе се задржат на неколку теми важни за заштита, промоција и превенција на менталното здравје во училиштата во услови на пандемија и ќе го дискутираат начинот на кој може да се дејствува за да се постигне тоа.
Целта и очекувањата од овој вебинар:
Да се истакне фактот дека учениците нема да бидат во можност да стекнуваат нови знаења доколку не се справат со стресот предизвикан од пандемијата и додека не се почувствуваат физички и психички безбедни.
Да се истакне и потребата да се излезе во пресрет на потребите и барањата за психолошка помош и поддршка на наставниците и родителите за тие да се чувствуваат физички и психички безбедни, но и компетентни да подучуваат и воспитуваат.

За повеќе информации кликнете тука.