Бесплатна психолошка работилница: Како до внатрешен мир после бура

Како до внатрешен мир после бура
Датум: 16.12.2020
Време: 19 часот

Стресот е реакција на некоја ситуација која за поединецот е опасна или многу предизвикувачка и има функција да го подготви организмот за справување со дадената ситуација. При ваква стресна реакција, во телото се случуваат низа промени кои имаат за цел да мобилизираат енергија во организмот и да ги приоретизираат функциите кои се во моментот клучни за преживување.
Способноста да реагираме на ваков начин е неопходна за да можеме да преживееме, но исклучително важна е и способноста за т.н. „враќање во нормала“, односно воспоставување на повторна рамнотежа во согласност со околностите после поминувањето на стресниот настан.
На оваа тема ќе биде посветена оваа работилница, каде учесниците преку искуствени вежби ќе имаат можност да освестат некои аспекти од својата ситуација и своите реакции, како и да научат некои начини на грижа за себе во овој период.
Работилницата ќе ја води Александра Панчевска - лиценциран психолог и гешталт терапевт под супервизија.

За повеќе информации кликнете тука.