Вебинар: Унапредување на наставата

Вебинар за унапредување на наставата
Датум: 22.12.2020
Време: 18 часот

Дискусија за реализираните и планираните активности за унапредување на наставата, со простор за идеи од сите колеги
Нашите приоритети
Комисијата за унапредување на наставата на Филолошки факултет во изминатиот семестар работеше на следните два приоритети:
1. Осмислување и организирање настани за професионална надградба (на пр. вебинари, проекти), на кои ќе се разговара и/или работи на теми поврзани со наставата, со цел да се поттикне размена на идеи и искуства помеѓу колегите
2. Подобрување на комуникацијата студенти-наставници-Факултет, на пр. преку повикување на студентите редовно да коментираат аспекти од наставата што ја следат.
Во врска со точка 1, досега беа организирани серија тематски и други вебинари за обука и вмрежување на наставниците. Планираме да продолжиме со тие активности, но и да понудиме други иницијативи за професионално усовршување во текот на следниот (летен) семестар. За некои од нашите предлог-иницијативи погледнете тука, иако секогаш сме отворени за нови идеи!
Што се однесува до точка 2, на крајот на овој семестар планираме да спроведеме пилот-анкета за испитување на ставовите на дел од студентите во врска со наставата што ја следат, како подготовка за пошироко, системско прибирање на ставовите на сите студенти. Понатаму, планираме да побараме од студентите да опишат добри наставни практики на Филолошки - се надеваме дека нивните размислувања ќе бидат корисно четиво за сите нас.

За повеќе информации кликнете тука.