Вебинар: Формативно и сумативно оценување со Microsoft Teams

Формативно и сумативно оценување со Microsoft Teams
Датум: 22.12.2020 година
Време: 17 часот
За темата:
- Разбирање на предизвикот за оценување на учењето на далечина
- Разбирање на важноста на формативното оценување при учењето на далечина и неговата цел да се измери напредокот на ученикот во текот на единицата за учење (часот)
- Зошто е важно формативното оценување да не се оценува ?
- Практична демонстрација на неколку алатки за оценување во online опкружување (OneNote, Forms, Word, Power Point – Screen recording, Flipgrid, споменување на Kahoot, NearPod, PearDeck)
- Користење на Microsoft Forms за креирање за влезни и излезни кратки квизови по следните предмети Математика, Македонски јазик – креирање на речник на поими и синоними, Странски јазици, Музика и Уметност, Природни науки, Општествени науки
- Прилагодување на квизови со користење на секции (кои им овозможуваат на наставниците многу по ефективно да ги структурираат квизовите) и разгранување (креирање на квизови кои ќе им овозможат на ученците вежбање доволно или повеќе во зависност од индивидуалните потреби)
- Glipgrid можете да го искористите за кратки видео задачи како што се самооценување на учениците и само рефлексија, говори на час, брзи презентации, дневни видео дневници или алтернатива на писмените одговори
- OneNote Class Notebook како алатка за формативно оценување
- Како да се направи интерактивно оценување засновано на игри со помош на Кahoot, NearPod и PearDeck
- Повратен одговор како алатка за збогатување на формативното оценување, начини на правилно задавање на повратен одговор
- Претставување на неколку можни сценарија за сумативно оценување и неколку алатки за тестирање

За повеќе информации кликнете тука.