Вебинар: Вовед во онлајн настава – реализација на онлајн часови и насоки за ефективна настава


Датум: 27.11.2020
Почеток: 17 часот

Времетраење: 120 минути
Јазик: македонски

Теми: 
Вебинарот има за цел да ги претстави, преку практични примери и дискусија со учесниците, основните алатки за реализација на онлајн настава, обезбедување интеракција со учениците, поддршка за групна работа и оптимална вклученост на учениците во онлајн наставата. Во рамки на обуката ќе бидат застапени следните поттеми:
  • Основни алатки за поставување и закажување онлајн час
  • Основни алатки за споделување содржини
  • Основни алатки за интеракција и групна работа при онлајн час
  • Алатки за одржување мотивација и интерес кај учениците
  • Алатки за евалуација
  • Најчести технички проблеми при онлајн час и како да се надминат
  • Дискусија со учесниците на обуката околу специфични прашања во врска со организација на онлајн настава.
Содржините на обуката ќе вклучуваат преглед на неколку видеоконференциски платформи: MS Teams, Zoom и Webex.

Повеќе за проектот во чии рамки се организира вебинарот може да дознаете тука.

Упатство за учесниците:​
  • Потребна е следната опрема: компјутер со камера, микрофон и слушалки;
  • Се препорачува учесниците да ја проверат својата опрема пред почетокот на вебинарот;
  • Потребен е добар, стабилен интернет;
  • Се препорачува учесниците да користат квалитетен хедсет (слушалки+микрофон), за подобар квалитет на комуникацијата;
  • Се препорачува учесниците да ја проверат својата опрема (аудио и видео) пред почетокот на вебинарот;
  • Им се препорачува на учесниците да го следат вебинарот од добро осветлена просторија (светлото да не им доаѓа од зад грб) за да можат подобро да комуницираат со другите учесници;
  • Учесниците треба ги следат насоките за учество дадени на почетокот на сесијата од страна на предавачот;
  • Препорачливо е учесниците да се вклучат во сесијата 20-ина минути пред почетокот на предавањето, за да го проверат квалитетот на аудиото и видеото.

Доколку сакате да научите нешто повеќе околу ова, пријавете се на angelina.mickoska@deso.mk.

Проектот е финансиран од Амбасадата на САД.