Традиционално образование наспроти образование на далечина

За многумина, изборот на кариера која им одговара е голема одлука и не е нешто што го земаат здраво за готово. Како што работодавачите бараат повеќе вештини од своите работници, така и побарувачката за обуки на далечина станува попопуларна. Впрочем, есента во 2011 година, во Америка, 6,7 милиони студенти се запишале на најмалку еден курс на далечина што е повеќе од 500 000 студенти споредено со претходната година.

Која е големата разлика помеѓу образованието на далечина и традиционалното образование?
“Секој ученик учи поинаку, и во денешната ера на напредна технологија, прашањето не е дали да понудите часови на интернет, туку како да ги имплементирате,” вели Алисон Хилтс, поранешна студентка која посетувала традиционано образование и образование на далечина, и која пишува за блогот The Book Wheel.

Постојат неколку опции кога зборуваме за дипломи преку традиционалното образование и образованието на далечина. Платформата нуди сé, од уверенија и сертификати, до понапредни опции за дипломи, како додипломски и постипломски студии.

Со константните промени во технологијата од сите различни програми за добивање на дипломи требада ги погледнеме предностите на учењето на далечина наспроти традиционалното образование, и да видиме како секое од нив влијае на вас како студент.

За повеќе информации кликнете тука