Повик за учесници за семинар: Положбата на младите од урбаните средини и предградијата на пазарот на трудот

                                          
 
Повик за учество
на
Семинар


Положбата на младите од урбаните средини и предградијата на пазарот на трудот
Ужице, Србија 9-11 мај 2018

 
Од 9-11 мај 2018 во Ужице, Србија се оддржува семинар на тема: Положбата на младите од урбаните средини на пазарот на трудот
Настанот се оддржува во рамки на проектот Промовирање на активните мерки за вработување на пазарот на труд за млади при ризик од социјално исклучување, со посебен фокус на урбаната младина (ALLMY). Проектот е финансиран од програмата Еразмус+, на Европската Унија., и се спроведува од Асоцијацијата а демократски просперитет Зид (АДП Зид) од Црна Гора, во партнерство со Либерграф од Србија и Решенија за развој (ДеСо) од Македонија.

ДеСо повикува заинтересирани млади луѓе како и активисти од граѓански организации (ГО) да се пријават за учество на семинарот. Предност имаат млади луѓе кои имаат искуство во работа на проекти за вработување на млади луѓе.

Сите трошоци за учество на семинарот, пат, сместување, и храна, се покриени од организаторот.

Заинтересираните можат да се пријават на следниот е-маил: info@deso.mk. Пријавувањето е најдоцна до 30 април 2018. Потребно е да се испрати 1. лично ЦВ, 2. идеја за презентација (10-15 ми.) поврзана со темата која учесникот би сакал да ја презентира на семинарот.