Институт за комуникациски студии: „Еднаква моќ за жените. Како да ја промениме состојбата?“


Датум: 29 Март 2018
Бесплатна веб-конференција
Час: 13-16:30


На оваа веб-конференција за родова еднаквост ќе ги покриеме следните две теми:
- Како родовата еднаквост го подобрува процесот на одлучување и резултатите?
- Како е во организациите во Европа?

Конференцијата ќе биде поделена на три сесии и тоа:
- СЕСИЈА 1: Ние ги поместуваме границите, ги зголемуваме придобивките.
- СЕСИЈА 2: Ние манифестираме. Ние значиме бизнис.
- СЕСИЈА 3: Ние се грижиме. Ние се обврзуваме. Ние менуваме.

Во продолжение следи дел од агендата за оваа конференција:

13:30-13:45 „Гласот на жените во процесот на донесување одлуки" – Мила Царовска,
министерка за труд и социјална политика на Република Македонија
13:45-14:00 „Факти и бројки: Како родовата рамноправност може да ги подобри резултатите во една организација?” – Соња Шмуц (Sonja Šmuc), генерална директорка на Стопанската и индустриската комора на Република Словенија
14:00-14:15 „Промени во Европа, промени за жените: Што можам да направам?“ – Клаудиа де Кастро Калдериња (Claudia de Castro Caldeirinha), основач и извршна директорка на FairConsultancy, Белгија



За повеќе информации кликнете тука