Користење на вебинар алатки за цртање за ефективна онлајн соработка



Вебинарите се одлична алатка за онлајн учење, но многу корисници го ограничуваат своето вебинар искуство на видеоконференции, пропуштајќи да ги искористат бројните алатки за онлајн интеракција и колаборација. Многу предавачи ги следат принципите на традиционалниот, дидактички манир на организација на вебинар предавањето, занемарувајќи го фактот што одредени вебинар алатки не само што ги надминуваат класичните ограничувања на учењето на далечина, туку и на предавањата реализирани во училница. Различните вебинар софтверски решенија овозможуваат различни можности за онлајн колаборација, бреинсторминг, споделување идеи и учење. Една ваква алатка  е „таблата“, како стандардна алатка што овозможува вистински иновативни можности за онлајн колаборација. Таблата е одличен начин да се вклучат учесниците преку илустрации или текст и да им се овозможи поактивно учество во процесот на учење. Вебинар таблата дава можности за:
  • соработка преку цртање;
  • бреинсторминг низ различни алатки – облици, текст и слично;
  • придонесот на секој учесник за обележан, па едукаторот има преглед на активноста на секој учесник;
  • сработеното може да биде снимено и одново разгледано на крајот од вебинар сесијата;
  • снимените белешки можат да бидат испратени до учесниците преку имејл по вебинарот.
     
Доколку сте заинтересирани за истражување на потенцијалите на онлајн учењето преку вебинари, регистрирајте се за учество на вебинар во организација на Prowebsee Project.