Одржани два нови вебинари на тема “Како до успешна апликација за работа“

На 23 ноември 2017 ДеСо одржа два нови вебинари на тема “Како до успешна апликација за работа“. На вебинарите учествуваа вкупно 43 млади луѓе од повеќе градови од Македонија.

Вебинарите се спроведуваат во рамки на проект Промовирање на неформално вебинар-образование за младинци во Југоисточна Европа, поддржано од програмата Еразмус+ на Европската комисија.
Новата серија на вебинари предизвикува се поголем интерес кај младите.

Следните два вебинари на тема поврзана со вработувањето на младите се закажани за 12 декември 2017.

Повеќе информации за следните вебинари можете да најдете  овде.