ДеСо/ Оглас за локални организатори

Девелопмент солушнс (ДеСо) го спроведува проектот Promoting Webinar-Based Youth Non- Formal Education in Southeast Europe. Проектот е поддржаан од програмата Еразмус+ финансирана од Европската комисија. Во рамки на проектот, ДеСо ќе организира серија на вебинари наменети за млади лица од 17 до 30 години. За таа цел, ДеСо бара да ангажира локални организатори од повеќе градови во Македонија.
  
Локалните организатори ќе бидат вклучени во процесот на промовирање на вебинарите и на идентификување и селекција на корисници. Ангажманот е на одредено време. Локалните организатори се слободни да ги извршуваат обврските во рамките на ангажманот во време кое им одговара. Висината на хонорарот зависи од учинокот. Предност имаат млади луѓе на возраст од 18 до 25 години. Пожелно е дел од организаторите да зборуваат албански.  
 
Доколку сте заинтересирани, испратате ваше ЦВ на info2@deso.mk.