Бесплатно предавање: Како да организирате успешен вебинар?, почеток: 13 април 2017

13 април 2017, 14.00 часот (онлајн предавање) 
 
Онлајн предавањето (вебинарот) е наменет за организации кои работат во областа на образование на возрасни, како што се училишта за странски јазици и компјутери, организации кои организираат предавања за своите членови или корисници, здруженија на граѓани, работнички универзитети, и воопшто секого вклучен во областа на образование на возрасни.
 
Предавањето ќе ви помогне да научите:
- кои се предностите во користењето на вебинарите во образованието на возрасни
- како ефективно да го промовирате вашиот вебинар
- како да организирате успешна вебинар сесија (предавање)
- кои вебинар алатки можете да ги користите во вашите предавања/курсеви
 
Содржина на вебинарот: презентација + прашања/дискусија
Времетраење: 1 час
Цена: учеството е бесплатно
Јазик: македонски
 
Потребна опрема: секој учесник треба да има компјутер со камера, добар Интернет, и слушалки со микрофон.
 
Регистрација: ве молиме пратете мејл со следниве податоци: име и презиме, својство (предавач, обучувач. итн.), име на организација од која доаѓате, образовна област (пр. странски јазици) во која сте активни, како и телефон за контакт, на elena.deskovska@deso.mk.
 
* Секој учесник добива и сертификат.
 
Во насловот на пораката напишете: за вебинар 13 април 2017
 
Пријавувањето е најдоцна до 12 април 2017. Бројот на учесници е ограничен.
 
 
Финансирано од програмата на Европската унија Еразмус+
erasmus